HTC разочара - Нема Lollipop за One mini 2

Објавено на 02.05.2015 во Новости



HTC разочара - Нема Lollipop за One mini 2

HTC уште во октомври кога беше промовирана новата верзија на оперативниот систем Android 5.0 Lollipop вети дека ќе има надградба на софтверот за најдобрите смартфони во понудата меѓу кои и HTC One mini 2 но, за жал не го одржа ветувањето. Од HTC изјавија дека One mini 2 нема да добие нов софтвер бидејќи перформансите со Lollipop нема да бидат на посакуваното ниво и ќе има проблеми во функционирањето.
 
 
Тоа е малку чудно бидејќи Lollipop беше специфично креиран од Google да работи со послабо опремените смартфони и таблети и има висок степен на Run Time оптимизација, дури и со 512 MB RAM и дво-јадрени процесори. 
 
 
Во таа смисла HTC One mini 2 воопшто не е за потценување бидејќи располага со четири-јадрен Qualcomm Snapdragon 400 процесор со Cortex-A7 технологија, Adreno 305 графичка и дури 1 GB RAM меморија што значи дека проблемот не е во хардверот туку во мрзливоста на компанијата да даде подршка и за нешто постарите телефони кои излегоа минатата година.