BitTorrent со најбезбедна апликација од прислушкување

Објавено на 14.05.2015 во Новости



BitTorrent со најбезбедна апликација од прислушкување

BitTorrent е подготвен да ја лансира апликацијата Bleep која беше најавена како една од најбезбедните апликации за допишување која ќе понуди енкрипција на разговорите меѓу испраќачот и примачот.
 
 
Bleep нуди едноставен и прегледен преку кој ќе може брзо да испраќате пораки, а притоа да ја заштитите вашата приватност од сите можни прислушкување, без оглед дали се од страна на хакери или пак од владините служби. Bleep ќе може да се користи на сите мобилни платформи за лесно поврзување.
 
 
Со Bleek ќе добиете и дополнителни мерки на заштита на пример доколку некој сака да направи скриншот од разговорот ќе му се блокира екранот, а ќе има и можност за воспоствување на гласовни VoIP разговори. Bleep може веднаш да ја инсталирате за Android, iOS и Windows Phone.