Nokia Lumia 710 vs. Samsung I8350 Omnia W

Објавено на 17.02.2012 во Рецензија



Nokia Lumia 710 vs. Samsung I8350 Omnia W

Денес ќе ги разгледаме Samsung I8350 Omnia W и Nokia Lumia 710, два смартфони со Windows Phone и пониска цена кои решиле да излезат од сенката на нивните „браќа“.

Телефоните како Omnia W и Lumia W може многу лесно да се најдат во рацете на некој кој тукушто купува мобилен телефон (ги има и такви) и кој не бара многу од неговиот уред. Иако телефоните не се баш со слаби перформанси. И двата имаат 3,7 инчен дисплеј: камери од 5 мегапиксели, имаат исти процесори и Windows Phone 7.5 - Mango

Ајде да видиме што има едниот пред другиот:

Samsung Omnia W пред Nokia Lumia 710:

Super AMOLED дисплеј наместо TFT екран
Потенок
Предна VGA  камера
Поголема батерија: 1500 mAh пред 1300 mAh
Поддршка за стандардна SIM наместо MicroSIM

Nokia Lumia 710 пред Samsung Omnia W:

Бесплатна доживотна Nokia Drive навигација
Nokia Music и Nokia Maps
Подобар квалитет при снимањето на видео клипови
Малку поевтин

Иако горе-долу на крај сè се сведува на личен вкус, наше беше да ве известиме за овие разлики, но чекајте, има рецензијата само што почнува.

Хардвер и софтвер

Едно време 3.7 инчните екрани беа „закон“ за мобилни, но со доаѓањето на 4 инчните дисплеи, не е баш така. Но, за евтини телефончиња како овие и тој екран е добар.

Nokia Lumia е поголем од двата телефони, wшто значи дека Omnia W подобро го искористува просторот. Финецот тежи 125.5 и е потежок за 10 грама од противникот, што е мало изненадување ако се земе предвид дека кај Samsung има метални површини, додека Omnia W е цела пластична.

Инаку, и двата телефони се одлучиле за чист дизајн. Алуминиумскиот дел околу поклопецот за батеријата кај Omnia дава интересен шмек. Lumia го нема овој фенси додаток, но достапна е во повеќе бои. Сепак, нема да промашите ако процените дека и двата телефони се наменети за помладата поблика, иако Omnia W може да ви привлече и повозрасните и деловни луѓе.

Околу софтверот и нема некои поголеми разлики. Иако двата уреда работат на Windows Phone version 7.5 Mango, сепак Nokia се потрудиле малку повеќе околу нивниот избраник со аплиакции како целосна SatNav навигација и мапи слободни за преземање. Исто така, тука се некои познати имиња како Nokia Maps, App Highlights и Nokia Music, а имате и слободен пристап до Nokia Music store, што е алтернатива на Zune Marketplace

Тука Samsung не може да се натпреварува, бидејќи доста ја ограничил WP7 платформата, каде Zune ви е единствена апликација за преност на податоци.

 

Споредба на екрани

Со екрани од 3.7 инча, телефоните навистина може да се пофалат со добри екрани за таа цена, а нудат ист број на пиксели. Но, каде е разликата?

Клучната разлика е во технологијата за дисплејот. Nokia ставиле ClearBlack TFT примерок во Lumia 710, кој нуди подпросечно освелтување, но прецизно репродуцирање на боите. Samsung користи еден од своите Super AMOLED дисплеи кој овозможува одличен контраст и агли на гледање.

Кога се работи за гледање на екраните во надворешна средина, општо познато е дека Nokia тоа го прават на најдобриот можен начин, иако не треба да се потцени ниту Super AMOLED дисплејот.

 

Споредба на камери

Одделот за сликање е место каде што Omnia W и Lumia 710 се скоро еднакви, барем на хартија. И двата телефони имаат камери од 5 мегапиксели и нудат резолуција од 2592 x 1944 пиксели. И двата имаат блиц.

Првиот тест се однесува на резолуцијата – како телефоните се справуваат со различни предмети и површини.

Првиот тест се однесува на процесирање на сликите.

Следната графа се однесува на репродукација на боите и white balance.

Omnia W е победник овде. Таа нуди потопли бои, подобра репродукција на бои и поостри детали. Сепак, тоа не е некоја огромна разлика, што значи пак се тука некаде и двата телефони.

 

На дело

Нема многу што да се каже за моќта на Lumia и Omnia. И двата телефони го имаат истиот Snapdragon процесор на 1.4 GHz и графичка картичка од Adreno 205, и двата имаат ист број на пиксели за приказ на истиот OS.

Батерија

Тука не се направени целосни тестови, само пребарување по интернет и гледање видео клипови.

Samsung Omnia W има малку поголема батерија од Lumia, и иако некој ќе рече што се 200 милиампери повеќе, сепак Omnia W издржува 2 часа 40 минути подолго од Nokia Lumia, што веројатно е комбинација од поголемата батерија и поефикасниот Super AMOLED.

Во однос на снимањето на видеја, Lumia е уште послаба. Samsung Omnia W издржува 7 часа и 49 минути наспроти јадните 3 часа и 27 минути на Nokia. Повторно, заслужен е Super AMOLED display кој троши значително помалку енергија.

Иако за некои батеријата не е некоја сериозна работа, сепак Nokia можеле да се потрудат повеќе, што особено би го ценеле бизнис корисниците.

Заклучок

Навистина е тешко да се одлучи победник во ваквите споредби. Lumia 710 е подобра во снимањето на видеа, но страда од послаба батерија.

Но, голема улога игра и дисплејот. Super AMOLED кај Samsung ви овозможува да уживате во Metro интерфејсот. Иако и ClearBlack дисплејот на Lumia не е многу далеку зад него, сепак се знае кој е победник тука.

 

Во однос на софтвер, Nokia е онаа со подобри апликации, како SatNav навигацијата со доживотна лиценца, иако ако се земе предвид целната публика, гласовно-наведуваната навигација и не знаеме колку ќе помогне. Сепак, тука е Nokia Music за да го надомести тој потенцијален пропуст.

На крај крајот, се работи за два евтини смартфони, кои навистина имаат да понудат по нешто интересно во сите аспекти – е, сега останува на секој поединечно да одлучи, кој телефон ќе му прилега повеќе.

Кажете ни што мислите ТУКА.

Владимир Ѓуров





Прочитајте повеќе: