Nokia Lumia 610

Објавено на 15.06.2012 во Рецензија



Nokia Lumia 610

Вовед

Изгледа дека на Lumia 900 и 808 PureView, најновата надеж на Nokia да излезе од финансиската кал, им се придружува уште едно интересно телефонче со име Lumia 610.

Nokia Lumia 610 е едноставно телефонче со слична цел: да го пофали најновото издание на Windows Phone, но и да го направи попристапен. Телефонот има доста ниска цена, ама ја знаете народната „колку пари, толку музика“, па затоа и перформансите не му се баш за паѓање во несвест.

Од надвор Lumia 610 личи како 710, но внатре не ја дели истата среќа. Ајде да видиме подетално, што сè ќе ни понуди:

Предности

• Quad-band GSM/GPRS/EDGE support
• 3,7 инчен LCD дисплеј со WVGA резолуција
• Камера од 5 мегапиксели со автофокус и блиц
• Windows Phone 7.5 OS
• Процесор ARM Cortex-A5 на 800MHz, Adreno 200 GPU графичка,
• Wi-Fi 802.11 b/g/n
• GPS со A-GPS и доживотна гласовна навигација
• Дигитален компас
• 8GB вградена и 256MB RAM меморија
• Вградени сензори
• 3,5 аудио приклучок; FM радио со RDS
• microUSB влез
• Bluetooth v2.1

Недостатоци

• RAM меморијата е многу мала за многу апликации
• Нема Flash или Silverlight поддршка за пребарувачот
• Нема операции преку USB (само преку Zune)
• Нема предна камера за видео повици
• Нема слот за мемориска картичка
• microSIM картичка
• Нема поддршка за DivX/XviD
• Нема HD снимање или плејбек



Во Кутијата

Кутијата за Nokia Lumia 610 е доста голема, но и многу полна. Покрај телефонот, во неа ќе наидете на полнач кој се поврзува со microUSB кабел, слушалку со добар аудио квалитет и неколку прирачници.

Дизајн и дисплеј

Што се однесува до дисплејот, тоа непријатно изненадување. Иако во затворена средина не е толку лош, на отворено ептен ја оплескува работата. Дисплејот до толку не нуди рефлексија на сонцето, што на отворено речиси и ништо да не се гледа.

Иако се заснова на Lumia 710, Lumia 610 е изработен од различен материјал и има различен распоред на копчињата – копчето за вклучување/заклучување кај 710 се наоѓа на врвот, додека тука тоа е од страна - Symbian шема.

Кога сме веќе кај контролите, за разлика од 710, главните три копчиња (Назад, Дома и Пребарувај) тука се виртуелни. Тие се наоѓаат под екранот, додека над него, освен неколку сензори, нема речиси ништо – иако би било добро да имаше втора камера.

Иако левата страна е празна, на десната страна од Lumia 610 се наоѓаат копчиња за контрола на звукот, споменатото копче за вклучување/заклучување и копче за директен пристап до камерата кое малку е тврдо, но со негово долго притискање се активира камерата дури и кога телефонот е заклучен.

На врвот се наоѓаат аудио приклучокот и microUSB влезот. Од позади, освен камерата од 5МП и логото на Nokia, нема друго ништо, а некаде под задната маска се наоѓа батеријата која издржува 8 часа и 51 минути разговор во 3G, 8 часа пребарување и 7 часа и 23 минути видео плејбек.



Windows Phone Refresh – вистинско освежување

Nokia Lumia 610 работи на Windows Phone 7.5 Refresh. За најновата верзија на WP со кодно име Tango, двојно се намалени хардверските побарувања, па така ако претходната верзија барање најмалку процесор на 1GHz и 512MB RAM, Refresh одлично работи и на процесор на 800MHz и 256MB RAM меморија.

Но, слабите перформанси си имаат своја цена. Одредени апликации не можете воопшто да ги вклучите – на пример, Skype кој не можете ниту да го преземете кога marketplace ќе препознае за кој телефон се работи. Исто така, поради слабите перформанси, нема да може да снимате ниту гледате HD видеа.

Сепак, ова не значи, крај на multitasking-от.



Галерија

Главниот поглед на Pictures апликацијата даца преглед на слики преку четири начини - camera roll, албуми, датум и луѓе. Пролизгување на лево со прстите, открива што има ново и прикажува четири контакти на Facebook и кои слики им се допаѓаат на вашите пријатели.



Windows Phone 7 не го биваше многу за споделување, но затоа 7,5 го поправа тоа. Така сега може да споделувате видеа, преку маил или Facebook. За жал, не е достапен SkyDrive сервисот поради нискиот RAM.

Кога ќе прикачувате слики на Facebook или Windows Live, системот автоматски ги препознава неозначените лица и ве прашува дали сакате да го направите тоа.



Музички плеер

Мултимедијалните плеери се наоѓаат во Music & Videos одделот, каде ќе го видите логото на Zune. Музичкиот оддел е составен од албуми, песни, плејлисти, жанрови и изведувачи.

Во одделот видеја, има сè – телевизија, музички видеа, филмови и други категории кои можете да ги додадете, на пример, видео podcasts.

Камера

Nokia Lumia 610 ја краси камера од 5 мегапиксели со резолуција од 2592 x 1944 пиксели.



Интерфејсот на камерата нуди доста опции, од сцени и ефекти, до white balance, контраст, сатурација, острина, ISO и дурго. На располагање имате и Macro режим на сликање, но нема детекција на лица.

Квалитетот на сликите е просечен. Иако деталите и не се така лошо, боите изгледаат малку матни и камерата „се бори“ во услови на мала осветленост.



Internet Explorer

Internet Explorer Mobile е единствената понуда за сурфање кај Windows Phone. Но, ова не значи и лоша понуда.

Напрови, пребарувачот има едноставен интерфејс и брзо ги отвора страниците, особено преку Wi-Fi, но ќе беше добро да имаше Flash или Silverlight поддршка.



Заклучок

Една од целите на Nokiа, кога се здружи со Microsoft, беше да го промовира Windows Phone. Па така, покрај другите два телефони, Lumia 610 е првиот обид за ова во ниската класа.

Верувале или не Nokia токму тоа и го постигна. Иако кога ќе ги видите перформансите ќе помислите дека тие се премногу ниски, сепак одлично се вклопуваат со телефонот, па затоа тој нуди одлична брзина.

Добро, сега, некои апликации како Nokia Drive ќе бидат многу бавни, или Skype-от воопшто нема да се уклучи, но веројатно брзо ќе излезе нова верзија на месенџерот прилагодена за ниски перфоманси, бидејќи на крај крајот, Microsoft го поседува.

Нешто од зборот „ниско“ малку отстапува цената за него, која не неколку европски пазари достигна и до 200 евра по телефон. Дали вие сте подготвени да дадете 200 евра за телефон со процесор на 800MHz и 256MB RAM меморија? Дури и ако слушнете дека телефонот подоцна ќе ја добие надградбата во Windows 8?

Kажете ни што мислите за него овде.

Владимир Ѓуров
Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: