HTC Evo 4G LTE

Објавено на 09.11.2012 во Рецензија



HTC Evo 4G LTE

За неистренирано око, HTC Evo 4G LTE не само што ќе личи на One X, туку и некој ќе рече дека тоа е всушност One X, само малку модифициран – обид на HTC со еден удар да убие две муви? Не, тотално погрешно.

Evo 4G LTE може доаѓа со дво-јадрен процесор на 1,5GHz, камера од 8 МП и преубав 4,7 Super IPS LCD 2 дисплеј, но верувајте дека овој телефон си има свој карактер и има што да покаже.

Особини

• Дво-јадрен Qualcomm Snapdragon S4 процесор на 1,5GHz
• 1GB RAM и 16GB внатрешна меморија
• 4,7 инчен дисплеј,
• Задна камера од 8 МП и предна од 1,3 мегапиксели
• Android 4.0 со Sense 4.0 интерфејс
• Поддршка за LTE мрежа
• Bluetooth 4.0
• Micro USB
• NFC
• Аudio Beats
• Wi-Fi
• Дигитален компас
• Слот за microSD картичка
• Сензори

Дизајн



Телефонот има интересна метална рамка, а инаку е изработен од метал, алуминиум и пластика – три во едно. За големината досега сме зборувале многу пати – голем дисплеј си е голем дисплеј, но тоа не значи дека овој телефон не можете да го држите во една рака и да работите, но со две е полесно.

Телефонот доаѓа со препознатливиот HTC дизајн, при што на дното се наоѓаат трите копчиња Назад, Дома и Мени.



Како и стариот EVO и некои други модели на HTC, EVO 4G LTE има т.н. рачка за потпирање, која се вади од задната страна. Ова може да послужи за неколку намени, меѓу која и поставувањето на телефонот во позиција за гледање филм.

Дури можете да си го користите телефонот како ноќен часовник.

Дисплеј

Тука се работи за Super IPS LCD 2 дисплеј со резолуција од 1280 x 720 пиксели, највисока деновиве, а сликата според многу корисници и критичари, се вбројува меѓу најубавите досега – боите и контрастот се одлични, а деталите доста јасни. Екранот дури е обложен и со Gorilla Glass заштита против гребење.

Интерфејс



Како и останатите членови од HTC екипата, и EVO 4G LTE работи на новиот Android 4.0 Ice Cream Sandwich, што значи, релативно, во тек со времето.



Како и конкуренцијата, и HTC си има свој интерфејс, овој пат Sense дојде до 4.0 верзијата, што интересно, како да има ретро стил, па системот повеќе личи на Gingerbread, отколку ICS.

Апликации

HTC се обидува да им ја олесни работата на новите корисници со корисни апликации како временска прогноза, менаџер на задачи, и други корисни работи. На овој телефон ќе најдете 50 инсталирани апликации, иако HTC Pub ви нуди многу повеќе софтвер од HTC, иако и Google Play store ќе ја заврши ефикасно работата.

Beats Audio растура

EVO 4G LTE не доаѓа со Beats слушалки, но во секој случај оваа технологија доаѓа до израз, ако ја активирате, во секој аудио поглед на телефонот.

Отсега, не само што ви го подобрува звукот, туку служи и како аудио станица за сите сервиси како Amazon MP3, Google Music, Pandora и Spotify.

Камера

Ако по нешто, меѓу другото, HTC се познати, тоа е нивната одлична камера. Ниту, EVO 4G LTE не е исклучок на листата кој со новата ImageSense технологија прави невидени слики.

Со новата технологија телефонот наводно прави 40% посветли слики од другите телефони, со тоа што прима повеќе светлина. Освен тоа, камерата слика доста брзо, крајно намалувајќи го времето од една до друга слика.



Исто така, телефонот има опција за правење слики за време на снимање или гледање видео, а со копчето за камерата од страна, тоа станува уште полесно.

Батерија

Батеријата од 2,000mAh е иста како кај HTC One X и со умерена употреба би требало да ви издржи два дена.

HTC тврди дека телефонот издржува само 7,5 часа време на разговор, што е помалку од One X.

Заклучок



EVO 4G LTE е доста интересно телефонче, а има и со што да се пофали.

Одличниот дисплеј, камера, добар звук и потпирачот се само дел од тие предности – намерно не ја споменавме очигледната поддршка за LTE мрежа, бидејќи сè уште многу земји ја немаат на располагање.

Во однос на цената, во САД телефонот се нуди за 180 долари на две годишен договор, што значи цената кај нас би била прифатлива – ако некогаш дојде. Но, ако сте во САД или друга земја што нуди LTE мрежа, не се мислите за купување.

Владимир Ѓуров
Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: