Кул „трик“ кој може да го направите со iPhone и iOs 13

Објавено на 15.02.2020 17:00 во Рецензија


Кул „трик“ кој може да го направите со iPhone и iOs 13

Оцени

usability
9.0


Перформанси
9.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
9.5


Наши забелешки

Positives:

 

- Одлична опција за правење целосен скриншот

 

Negatives:

 

- Ограничена употреба само во Safari



Целата рецензија

Со честите надградби на оперативните системи опцијата за правење скриншот се менува и добива или подобри функции, но некогаш и скриени кои не се видливи на прва рака. Затоа ви откриваме еден кул трик кој може да го направите со скриншотовите преку iPhone смартфон кој работи со последната верзија на оперативниот систем iOs 13 што многу ќе ви помогне во вашата работа или дневни активности.

Како да направите скриншот од целосна страница?

Како што наведовме сега корисниците на iPhone со iOs 13 оперативен систем може да направат скриншот од целосната страница но, со одредени ограничувања. Пред се скриншот од целосна страница може да се направи додека го користите интернет прелистувачот Safari.

Корисниците на iPhone X или понов модел треба истовремено да го притиснат страничното копче и копчето за зголемува на звук. За корисниците на iPhone 8 или постар модел потребно е да се притисне страничното копче и Home копчето истовремено, Потоа ќе се појави опција во долниот лев агол каде ќе ви биде понудено да направи скриншот од целосната страница. 

Тука предноста е што може да го сочувате целосниот скриншот како PDF. Штом го сочувате PDF документот истиот може да го најдете во апликацијата Files бидејќи не е слика и нема да се сочува во делот на Photos апликацијата. Како PDF документ потоа на скриншотот може да правите еден куп работи, вклучувајќи и дигитален потпис, креирање белешки или пак сликање врз документот. 

Правењето на целосен скриншот за жал не функционира за одредени апликации пред се од социјалните мрежи како Facebook, Twitter, Spotify и други.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар