Samsung: Какви смартфони и технологии се спремаат за 2021

Објавено на 29.12.2020 11:19 во Рецензија


Samsung: Какви смартфони и технологии се спремаат за 2021

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Значителен напредок во преклопната технологија и вештачката интелигенција;

 

Negatives:



Целата рецензија

2020 година беше предизвик за сите и во секој поглед. Особено за технолошката индустрија. Бројни конференции се откажаа, а бројни конференции се одржаа и во виртуелни услови. Многу компании го одолговлекоа претставувањето на своите нови смартфони, но сепак не ги спречи кризата во ништо.

Т.М.Роу, претседателот за мобилни комуникации во Samsung, пишува дека уредите во следната година ќе се фокусираат на подобрување на мултитаскингот, камерата, видеото, преклопната технологија, вештачката интелигенција, траењето на батеријата, персонализацијата и поврзувањето со другите уреди.

Најавено е доаѓањето на новиот Galaxy смартфон, кој ќе биде наследникот на Samsung Galaxy Z Fold 2, што ќе биде развојната визија за 2021 година. „Кога помислив дека не можам повеќе да бидам опседнат со новите технологии, 2020 година ми покажа дека не сум во право. Во моментот моравме да се навикнеме на новото нормално и да станеме пофлексибилни, а тоа технологијата ни го овозможи“, пишува Роу.

Samsung интензивно работи на 5G подобрувањата, можностите на вештачката интелигенција, IoT технологијата. Новата визија со интелигентните уреди е лесно спојување со смартфоните, а тоа станува реалност. „Сега 5G е во средината на вниманието, на што активно работевме 10 години. 2019 година ги објавивме првите комерцијални 5G уреди: Galaxy S10 5G и Galaxy Tab S6 5G, а сега во нашето портфолио може да се разгледаат дури дваесет 5G уреди“, наведува Роу.

Т.М.Роу најави и поврзување на Samsung смартфоните со смарт автомобилите, како и лоцирањето на личните предмети, од клучеви, до паричници. Компанијата ќе продолжи со развој на современите преклопни технологии и камери, како и Galaxy уредите според повратните информации за корисниците.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.