Апликација ќе ви помогне да го надминете вашиот страв од пајак

Објавено на 29.05.2022 12:51 во Рецензија


Апликација ќе ви помогне да го надминете вашиот страв од пајак

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Апликацијата може сериозно да ви помогне да го надминете стравот од пајак;

 

Negatives:



Целата рецензија

Се плашите ли од пајак? Оваа апликација можеби може да ви помогне да го победите стравот. Стравот од пајак се нарекува арахнофобија и не е ретка појава. Сите што страдаат од паничен страв од пајак, ќе може да си помогнат со новата апликација Phobys, развиена од научници од Универзитетот во Базел, Швајцарија.

Станува збор за апликација со проширена реалност, чија цел е да овозможат „терапија на изложеност“ кон лица што панично бегаат од пајак, на безбеден и контролиран начин. Луѓето што стравуваат од пајак. полесно им е да се соочат со виртуелен пајак отколку со вистински пајак“, вели Ања Цимер, еден од научниците што ја креирале апликацијата објавена во научното списание Journal of Anxiety Disorders.

Научници поминале двонеделно клиничко тестирање со 66 учесници што страдаат од арахнофобија. Некои од учесниците користеле апликација преку повеќе средби со проектиран пајак, додека вториот дел од учесниците на истражувањето послужиле како контролна група без интеракции со пајаците.

Учесниците потоа требало да се приближат до вистински пајаци, кои што се наоѓале во проѕирни кутии, колку што можат поблизу. Групата што вежбала со помош на апликацијата Phobys, имала значително повеќе страв и гадење во ситуација со вистинскиот пајак и му приоѓале на пајакот поблизу од учесниците од контролната група, тврдат од Универзитетот во Базел.

Апликацијата се плаќа, но многу е евтина. Со 5 долари ја отклучувате целосно и имате 10 нивоа преку кои корисниците може да поминат, а на крај на секоја пречка се прави проценка на стравот. Апликацијата почнува со брз тест на вашиот страв, со цел да се утврди нивото на страв или гадењето од пајакот, од кои што апликацијата и понатаму може да ја развива вашата терапија.

Апликацијата исто така не е за секој и подобна е за лица што страдаат од мал и клинички безначаен страв од пајаци и оние што се постари од 16 години. Лицата што страдаат од тешки облици на арахнофобија, кои што се манифестираат со потење или прескокнување на срцето, треба пред употреба на апликацијата да се посоветуваат со лекар специјалист, велат научниците.

Еден совет што апликацијата им го дава на корисниците вреди злато, а потенцијално може да ве спаси од поправки за оштетување на мобилниот и гласи -  цврсто држете го својот мобилен. Апликацијата за Android може да ја преземете на овој линк, а за iOS може да ја преземете на овој линк

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.