Samsung Galaxy S4 vs. Nokia 3310 - кој е побрз?

Објавено на 24.08.2015 во Новости



Samsung Galaxy S4 vs. Nokia 3310 - кој е побрз?

Сигурни сме дека видеово со големците од Samsung и Nokia ќе ве заинтригира веднаш, иако двата телефона се неспоредливи, затоа што се од различно време. Ова е исто како да споредувате тетрис и компјутер. Слушнете го момчето со профилот „adrianisen“ на YouTube на видеото:

Сепак, интересна е споредбата за брзината на вклучувањето на мобилните. На пример Nokia 3310 се вклучува за двојно побрзо време од Samsung Galaxy S4 и веднаш може да се лансира познатата игра со змијата, додека на вториот му треба и повеќе време да се стабилизира кога ќе се вклучи. Двата телефона се убави и атрактивни, бели, но секој си има заслуги за одредени работи.