Новиот Samsung Gear S2 - атак врз Apple Watch

Објавено на 01.09.2015 во Новости



Новиот Samsung Gear S2 - атак врз Apple Watch

Уште за време на претставувањето на Galaxy Edge S6+ и Note 5, Samsung го најави лансирањето на новите смартчасовници на IFA саемот во Берлин. Вчера од компанијата објавија неколку слики од Samsung Gear S2, кој ќе биде достапен во две верзии - мал Gear S2 и класичен Gear S2 Classic со црно куќиште и кожен ремен.

Двата се многу слични и имаат исти кружни дисплеи со ротирачки раб, а ќе се испорачуваат со поддршка за 3G интернет. Тоа значи дека ќе може да се извршуваат повици и испраќање на пораки без потреба од интегрирање со телефонски уред. 

Gear S2 ќе имаат WiFi, Bluetooth и NFC, а со оглед на поддршката за Samsung Pay, новиот смартчасовник ќе може да се употребува за терминали и продавници. Дизајнот на новите часовници на Samsung значи дека и оваа компанија го прифаќа стариот добар традиционален кружен облик со 1,2 инчи, резолуција од 360x360 пиксели, кои се отпорни на прашина и вода, така што корисниците нема да мора да го вадат од рацете пред туширање.

Samsung го става акцентот на батеријата - верзијата без 3G интернет може да издржи работа од 2-3 дена со едно полнење, а онаа со поддршка за 3G треба да издржи 2 дена. 

Двата модела имаат 2-јадрен процесор, 512MB RAM меморија и 4GB меморија за податоци, мери отчукувања на срцето, жироскоп, барометар и слично. Gear S2 часовниците работат со Android Wear, кој ќе овозможува и поврзување со iPhone. Се враќаме со дополнителни информации за Samsung Gear S2 после берлинскиот IFA саем, кој почнува оваа недела.