Нови слики целосно го открија Samsung Galaxy S6 Edge Plus

Објавено на 25.07.2015 во Новости



Нови слики целосно го открија Samsung Galaxy S6 Edge Plus

Samsung Mobile оваа година ќе сруши неколку традиции, што е сосема добро бидејќи потребна е свежина во понудата и храбри потези. Еден од нив ќе биде лансирањето на џиновскиот Samsung Galaxy S6 Edge Plus со големина од 5.7 инчи, што значи повеќе ќе личи на фаблет отколку на помалиот основен модел, но сигурно ќе има многумина на кои ќе им се допадне.
 
 
Во најновата серија на протечени слики може да видиме дека Samsung Galaxy S6 Edge Plus ќе биде задржан од основниот модел со мал степен на заобленост на рабовите странично од дисплејот, а фаблетот ќе има и прилично тенко тело.
 
 
За спецификациите на Samsung Galaxy S6 Edge Plus во повеќе наврати пишувавме и треба да ве потсетиме дека се уште нема прецизирана листа на спецификации, освен дека ќе работи со Qualcomm, а не со Exynos процесор, но ќе понуди многу поиздржлива батерија со капацитет од над 3000 mAh.
 
 
Промоцијата на Galaxy S6 Edge Plus е најавена за 13 август, иако кај Samsung секогаш се можни изненадувања.