Легендарниот Дизниев аниматор во виртуелно-уметнички занес

Објавено на 11.09.2015 во Новости



Легендарниот Дизниев аниматор во виртуелно-уметнички занес

Глен Кин можеби не е толку познат, но ако ви кажеме дека тој ги нацртал ликовите на Аладин, Ариел и ѕверот од „Убавицата и ѕверот“, тогаш веќе нешто значи. Уметникот работел цели 10 години во Дизни, но потоа тргнал по својот пат, работел во напредна група во Motorola, каде изработувал интерактивен анимиран Duet, но сега е во тотално нова насока.

„Она што го сфатив кај VR и AR е дека не можеме да ја сфатиме оваа технологија се додека не ја усовршиме уметност, затоа што тоа е како скулптура или цртање. Не можете да му дадете четка на оној што никогаш не цртал и да му кажете да ја нацрта Систинската капела. Алатката е тука, но за тоа е потребно време и трпение“, вели Глен.

Во краток филм режиран од Ешли Родхолм, се прикажува како Кин работи со виртуелна стварност, која му овозможува дека уште повеќе ужива во своите ликови. Со помош на HTC Vive и апликацијата за 3D цртање Tilt Brush app, која сега е во сопствеништво на Google, Глен докажува дека технологијата напредува и така му овозможува да создава нешта за кои досега само сонувал. 

Погледнете како Глен ужива во својот нов свет на краткото и емотивно видео одозгора.