На 15 октомври ZTE Nubia X8 со ѕверска батерија од 5150 mAh

Објавено на 12.10.2015 во Новости



На 15 октомври ZTE Nubia X8 со ѕверска батерија од 5150 mAh

ZTE започна со „скокоткање“ на фановите со новиот премиум модел Nubia X8 кој подолго време очекуваме да се појави. Како што звучеа атрактивно првите протечени информации, така и сега се надеваме на моќен и квалитетно изработен смартфон. 

За ZTE Nubia X8 се претпоставува дека ќе има 5.5 инчен Quad HD дисплеј, осум-јадрен процесор, 4 GB RAM, моќна камера и рекорерска батерија со капацитет од дури 5150 mAh, но ZTE не сака да отркие повеќе детали, освен дека новиот смартфон ќе има скенер за отпечатоци. Промоцијата е закажана за 15 октомври и тогаш ќе биде решена целата мистерија.