Origami Car - картонско електрично возило на Lexus

Објавено на 13.10.2015 во Новости



Origami Car - картонско електрично возило на Lexus

Концептуалниот Lexus Origami Car е автомобил изработен од картон - ентериерот и тркалата. Возилото нормално функционира како и сите други конвенционални автомобили и тоа не е ништо чудно. Автомобилот е копија на постоечкиот Lexus IS 300h, создаден преку ласерско сечење на картонот за врвна точност и прецизност. 

Ако не верувате и мислите дека е замка, на видеото можете да погледнете како автомобилот сообраќа на улиците. Интересно е што картонскиот материјал се одликува со стабилна структура, но мора да се користи внимателно.

Недостаток би можел да биде тоа што поради картонот има ниско ниво на безбедност во најлоши случаи при сообраќаен судир. Инаку возилото е интересен концепт и секоја чест за производителот што се сетил на идејава, со цел да докаже дека автомобилите би можеле да имаат и поинаква изработка.