Sony го присвои делот за сензори на Toshiba

Објавено на 26.10.2015 во Новости



Sony го присвои делот за сензори на Toshiba

Sony од неодамна има посебен субјект за производство на сензори за камери, кој воедно претставува етаблиран и најдобар производител на истите. 

Светските медиуми брифираат дека одделот за сензори на Toshiba е купен од Sony за цена од 165 милиони долари, а веста би можела да биде потврдена во текот на неделава. На Toshiba не и оди многу добро во последно време, па логично е што се одлучуваат за ваква финансиска инекција. Со тоа Sony сака да ја зацементира својата позиција како најдобар производител на сензори за камери.