Откриен нов скандал со Facebook со 100 девелопери

Објавено на 07.11.2019 во Новости



Откриен нов скандал со Facebook со 100 девелопери

Facebook во објавата на блогот го призна новото протекување на податоците на корисниците, односно дури 100 девелопери на софтвер нерегуларно го користеле. Тие девелопери имале пристап кон податоци во групи на Facebook, иако самиот Facebook ги укинал тие привилегии во април, 2018 година.

Од Facebook соопштуваат дека сигурно знаат за 11 девелопер партнери, кои ги употребиле податоците на корисниците во последните 60 декана и контактирале со вкупно 100 девелопери, за кои се сомневаат дека ги користеле наведените податоци. 

„Иако не видовме докази за злоупотреба, ќе побараме да избришаат било какви податоци за корисниците, кои во меѓувреме можеби ги собрале и ќе спроведеме истрага за да се увериме дека тоа и го направиле“, напишал Костантинос Ппамилтиадис, директорот за развојната платформа на Facebook.