Panasonic Toughbook таблет со Android

Објавено на 14.09.2011 во Новости



Panasonic Toughbook таблет со Android

 

Panasonic официјално го претстави нивниот нов таблет, Toughbook.
 
Објавата дојде од меѓународниот саем за одбрана и безбедност (DSEi) во Лондон.
Toughbook носи 10.1 инчен XVGA екран на допир, кој нуди јасна слика и одбрана против дневната светлина така што со него може да се ракува во сите временски услови.
 
Toughbook е специјално дизајниран за воена употреба, така што нема дупки во безбедносниот систем, бидејќи безбедноста тука се контролира на хардверско ниво. Другите перформанси вклучуваат сателитски GPS, долготрајна батерија, додатоци на професионално ниво и вградена 3G мобилна поддршка.
 
Автор: Aleksandar Stankov