Windows 10X заглави со двојните екрани
Објавено на 06.05.2020 во Новости
Microsoft очигледно повторно има проблеми целосно да реализира најавен проект и нивниот уред со двоен екран Microsoft Surface Neo најверојатно ќе биде одложен на неодредено време.
Токму затоа и новиот оперативен систем Windows 10X ќе ја смени својата цел и за да не биде заглавен за уреди со двоен екран ќе добие пренаменети функции за смартфони, таблети, лаптопи со екрани на допир и хибридни уреди.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.