Panasonic LUMIX Phone 101P – телефонов е само за сликање

Објавено на 02.10.2011 во Новости



Panasonic LUMIX Phone 101P – телефонов е само за сликање

 

Како да не се малку новите смартфони од Dell and Sharp, па Јапонците решија да си ја испробаат среќата и со Panasonic LUMIX Phone 101P.
 
Телефонов има камера од 13,2 мегапиксели и е „печен“ за сликање и правење на видео-клипови, заедно со блиц.
 
Сликите од тоа се гледаат на 4 инчен екран на допир, кој нуди резолуција од 540 × 960 пиксели. Под хаубата има дво-јадрен OMAP4430 процесор на 1GHz, додека задолжен за „работа“ е Android.
 
За поврзување користи Wi-Fi, Bluetooth, најразлични сензори, дигитален TV тјунер, инфрацрвена порта и слот за microSD мемориска картичка.
 
Иако на телефонот најпрво ќе му се радуваат само Јапонците, сепак Panasonic најави дека и тој подоцна ќе дојде и кај нас.