Motorola Razr на преклоп со двоен екран и 5G доаѓа наскоро

Објавено на 03.09.2020 во Новости



Motorola Razr на преклоп со двоен екран и 5G доаѓа наскоро

Motorola Mobility потврди дека на 9 септември односно и наредната среда и официјално ќе го претстави новиот смартфон на преклоп со двоен екран Motorola Razr кој ќе има клучен адут.

Motorola Razr од новата генерација ќе располага со 5G мобилна конекција, ќе има поефикасно тело и подобар механизам на отворање.

За Motorola Razr е познато и дека ќе работи со осум-јадрен Snapdragon 765G процесор, 8 GB RAM, 256 меморија и ќе има поголема батерија која побрзо ќе се полни.