Новиот VLC 4.0 плеер ќе наликува на Netflix

Објавено на 14.02.2021 во Новости



Новиот  VLC 4.0 плеер ќе наликува на Netflix

Video Lan ја подготвува големата надградба на видео плеерот VLC 4.0 која ќе има целосно нов интерфејс со многу побогати приказ на библиотеката на содржини и нови функции за корисниците.

VLC е убедливо најспособниот мултимедијален плеер на сите времиња со најголем избор на кодеци и поддржани формати, а сега ќе оди чекор понапред кон поврзување со онлајн содржини.

Една од амбициите на VLC 4.0 е да овозможи поврзување со различни онлајн извори на видео содржини, додека пак долгорочно идејата е да прерасне и во онлајн стриминг видео сервис со реклами и претплата.