YouTube офицјално ја лансира Shorts како одговор на TikTok

Објавено на 01.03.2021 во Новости



YouTube офицјално ја лансира Shorts како одговор на TikTok

YouTube започна со официјалното лансирање на новата апликација Shorts која е финалниот одговор на најпопуларната видео платформа на растот кој го покажа TikTok како нова атрактивна социјална мрежа претежно за помладата публика.

Shorts на YouTube исто така нуди можност за снимање и споделување на кратки вертикални видеа како и кај TikTok со додавање на различни ефекти, музика, емоџи и додатоци.

Аплоадирањето на кратки видеа ќе оди преку YouTube апликацијата, а видеата за поголема видливост може да се објавуваат со хаштагот #Shorts.

YouTube има капацитет да ги опслужи своите милијарди корисници но, колку тие ќе бидат заинтересирани за креирање и спротиставување на трендовите на TikTok останува да се види, бидејќи во оваа категорија борбата е се поостра, вклучувајќи го и Facebook со решенијата на Instagram.