Sony Ericsson Nozomi ќе се појави на CES 2012?

Објавено на 23.11.2011 во Новости



Sony Ericsson Nozomi ќе се појави на CES 2012?

 

На светскиот технолошки саем CES, кој се одвива во Јанури, Sony Ericsson (сега веќе само Sony), ќе претстави нов смартфон, Sony Ericsson Nozomi, барем засега така велат извесни информации.
 
Но, дека не се само гласини имаме и фотографија на која јасно се гледа дека смартфонот постои, а дури познати се и неговите перформанси. Nozomi (иако не знаеме дали ќе го задржи ова име) е смартфон со ARM7 процесор со RAM меморија од 700Mb и дисплеј со големина резолуција од 720 х 1280 пиксели.
 
Исто така, информациите говорат и дека палетата на Sony Ericsson телефони ќе ги претстави лансите модели, Xperia arc, neo и pro, но со извесни подобрувања и со поинакви цени. 
 
Да се надеваме дека тие „поинакви цени“ ќе бидат пониски цени.