Panasonic лансира нов смартфон со 4.3 инчен OLED дисплеј

Објавено на 10.12.2011 во Новости



Panasonic лансира нов смартфон со 4.3 инчен OLED дисплеј

 

Иако едно време го немаше, сега Panasonic се враќа на пазарот со нов ултра-тенок смартфон во форма на  D.
 
Уредот ќе доаѓа со 4,3 инчен qHD OLED дисплеј, NFC технологија, дво-јадрен процесор и др. Исто така, телефонот ќе биде отпорен на прашина, вода и удари, што го прави подобен и за употреба во отворени и екстрмни услови.
 
Со ваквите уреди, Panasonic планира да го прошири малку својот бизнис во Европа, каде се надева дека ќе наиде на вистинските купивачи.
 
Телефонот кој засега нема име, на пазарот треба да се појави дури во 2013 година, така што до тогаш веројатно ќе имаме повеќе информации.
 
Автор: Aleksandar Stankov