10 студенски апликации за iOS – втор дел

Објавено на 20.12.2011 во iOs



10 студенски апликации за iOS – втор дел

 

Ова се вторите пет студенски апликации за iOS на листата, која ја започнавме уште минатата недела.
 
Со овие апликации, ја завршуваме минато-неделаната листа на ТОП 10 студентски апликации за iOS – се надеваме ќе пронајдете нешто корисно овде:
 
myHomework – Бесплатна
Ова е уште една апликација за организирање на вашите домашни работи и проекти. Таа има календар, функции за правење распоред и потсетник за крајниот рок на одреден проект, настан.  Апликацијата преземете ја од ТУКА
 
 
Mental Case Flashcards – 5 долари
Флеш картите се одлични за учење на многу работи напамет. Затоа, оваа апликација ви излегува во пресрет: независно дали се работи за вокабулар, имиња и датуми од историја или некој анатомски дел на телото. Апликацијата преземете ја од ТУКА
 
 
Нов Oxford американски толковен речник – 30 долари
Ова е една од најскапите студентски апликации, но дефинитивно вреди за парите. Тука се вклучени над 350,000 зборови до кои имате пристап во секој момент. Дури ќе најдете и поими од многу различни области како технологија, физика, инженерство и други полиња кои постојано добиваат нови зборови. Апликацијата преземете ја од ТУКА
 
 
Periodic – 1 долар
Периодниот систем на елементи е неизоставна алатка за секој студент кој се занимава со научна дејност. Тука имате пристап до разни факти и информации за секој елемент како неговата атомста тежина, молска маса, точка на топење, атомски радиус, распоред на електрони и др. Апликацијата преземете ја од ТУКА.
 
 
Convert – 3 долари
Конверзиите понекогаш може да ви одземат многу време и да ве збунат. Но, со оваа апликација можете многу лесно да претворате валути, растојание, тежина, сила и што уште не.  Апликацијата преземете ја од ТУКА