TikTok тестира нови опции за наоѓање на содржина од околината

Објавено на 26.08.2022 во Новости



TikTok тестира нови опции за наоѓање на содржина од околината

TikTok за кратко време стана една од најпопуларните социјални мрежи, особено популарен кај младата популација. Моментално се тестира опција за наоѓање на содржини во близина на корисникот, наречена “nearby”. 

Опцијата се наоѓа под главниот екран веднаш покрај “following” и “for you”. Додека тие фидови ја прикажуваат содржината што корисниците ја следат, на новиот фид ќе се прикажува локална содржина. Моментално новата опција се тестира само во азиските земји.