Знаете ли која видео игра се смета за прва во светот?

Објавено на 19.09.2022 во Игри



Знаете ли која видео игра се смета за прва во светот?

Вредноста на пазарот на видео игри до 2026 година се очекува да порасне на дури 320 милијарди долари. Игрите се дефинитивно огромен бизнис. 

Иднината на гејминг индустријата е светла, но дали понекогаш се прашуваме кога сето тоа почнало и кога е претставена првата видео игра. Новинарите од USA Today тврдат дека првата игра ја направил физичарот Вилијам Хигинботам, во октомври, 1958 година - “Tennis for Two”. 

Играта била инспирација за исклучително популарниот “Pong” од 70-те. Хигинботам не бил дизајнер, туку физичар што работел на проекти поврзани со атомско вооружување.