Samsung Galaxy S23: Протекоа цените за европски пазар

Објавено на 25.01.2023 во Android



Samsung Galaxy S23: Протекоа цените за европски пазар

Лансирањето на Samsung Galaxy S23 е само за една недела, за кого веќе речиси сите спецификации се познати неофицијално. Според новиот твит на Роланд Квант, цените на Samsung Galaxy S23 серијата почнуваат од 960 евра, па се до 1590 евра. 

Шпански дилер на Samsung телефоните го открил ова. Се разбира, цените варираат во зависност од тоа во која држава се наоѓате:

S23 - 8/128GB 959 евра
S23 - 8/256GB 1019 евра
S23+ - 8/256GB 1209 евра
S23+ - 8/512GB 1329 евра
S23 Ultra -  8/256GB 1409 евра
S23 Ultra - 12/512GB 1589 евра