Вежбај ги сообраќајните знаци

Објавено на 27.01.2013 во Android



Вежбај ги сообраќајните знаци

 

Доколку сакате да проверите колку ги познавате сообраќајните правила може да проверите со решавања на тестови за возачка дозвола. Возачките испити ќе бидат достапни и на вашиот Андроид.

„Нашата цел со воведувањето на новиот начин за полагање на теротетскиот дел за возачкиот испит не е да се намали бројот на положени кандидати, туку објективно да се оценува знаењето. Она што на некој начин беше правило во минатото да се фотокопираат тестови и да се учат прашањата напамет, сега е многу малку веројатно, речиси невозможно со оглед на бројот на комбинации на прашања кои се генерираат од една заедничка база и кои можат да бидат составен дел од испитот што го полага кандидатот“, рече Јанкуловска

Откако МВР го воведе новиот начин на полагање, процентот на положени кандидати на теорецкиот возачки испит изнесува нешто повеќе од 50 %, мегутоа секојдневно се подобрува.

Доколку пак сакате да видите како изгледаат тестовите, може да ја превземете Андроид апликацијата од следниов линк.

Автор: Aleksandar Stankov