Samsung со нов таблет Roma 10

Објавено на 19.04.2013 во Новости



Samsung со нов таблет Roma 10

 

Samsung во наредниот период ќе претстави нов таблет со големина од инчи кој е наречен Roma 10 и ќе биде одлично надополнување на понудата во оваа класа. Таблетот Samsung Roma 10 би требало да биде директен конкурент на евтиниот таблет Google Nexus 10.
 
 
Samsung Roma 10 ќе има екран со HD резолуција од 2560 x 1600 пиксели и густина на сликата од 299ppi со што ќе се израмни со Nexus 10, кој само да потсетиме е изработен од корејската компанија заедно со Google, па ваквиот потег на Samsung е вистинско изненадување.
 
 
Покрај одличниот екран Samsung Roma 10 ќе работи на оперативниот систем Android 4.2 Jelly Bean надополнет со корисничкиот интерфејс TouchWiz. Остатокот од хардверот најверојатно ќе биде составен од процесорот Samsung Exynos 5 со брзина од  1.7GHz, 2 GB RAM, 32 GB вградена меморија и 5 мегапикселна камера. Samsung Roma 10 се очекува да се појави на пазарот во втората половина на 2013-та.
 
Автор: Aleksandar Stankov