Nexus 7 II со нов HD екран

Објавено на 27.05.2013 во Новости



Nexus 7 II со нов HD екран

 

Најдобриот таблет на Google Nexus 7 наскоро ќе добие свој наследник кој ќе има неколку промени и подобрувања, како нов  HD екран изработен од AU Optronics.

Nexus 7 II ќe има екран со новата технологија на полисиликон со ниска температура LTPS со резолуција од 1920 x 1200 пиксели. Таблетот треба официјално да биде најавен до крајот на месецот, а во продажба се очекува во јули.

Официјалната најава за Nexus 7 II се очекуваше да се случи на Google i/o минатата недела, но сепак тој настан беше посветен само на програмерите и новите апликации и надградби на софтверот без никакви новитети во делот на хардверот, па затоа Google се труди да го задоволи желбите на купувачите во наредниот период.

Автор: Aleksandar Stankov