Cortana ќе го апсорбира целиот интернет
Објавено на 04.03.2014 во Windows
Cortana е првиот глaсовен асистент на Microsoft кој ќе дебитира во новата верзија на оперативниот систем Windows Phone 8 и според првите тестови апликацијата работи одлично, со можност брзо и лесно да наоѓа одговори на корисникот, како и да врши голем број на функции во позадина и да исполнува зададени задачи.
До промоцијата на Windows Phone 8.1 останува уште еден месец и веќе се појавуваат многу слики и видеа од системот меѓу кои и слики за Cortana каде е забележано дека апликацијата „го апсорбира целиот интернет“, поточно работи врз база на податоците од Bing Search и ќе може да исполнува многу комплексни операции.
Cortana ќе го добие гласот на ликот на вештачката интелегенција од познатата игра Halo и ќе има голем простор за персонализација, па така корисникот може да одбере на кој начин да му се обраќа, а меѓу понудените опции се „Dude“ и „Master Chief.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.