Shazam е најдобрата апликација за музичките фанови

Објавено на 31.03.2014 во iOs



Shazam е најдобрата апликација за музичките фанови

Shazam лансираше нова верзија на апликацијата наменета за уредите кои работат на оперативниот систем iOs со нов дизајн и подобрени функции со што сервисот полека се приближува до социјалните мрежи.
 
 
Преку Shazam може да го откриете насловот и изедувачот на песната со едноставно доближување на смартфонот до музичкиот плеер или било кој друг уред на кој слушате музика. Покрај тоа Shazam големо внимание посветува на споделувањето на музика и може да ги следите глобалните музички трендови и изборот на вашите пријатели.
 
 
Shazam има и посебен дел за новостити од музичката индустрија, како и топ листа на најслушани песни, а преку апликацијата може да добиете информации за музичарите и линкови до нивните видеа на YouTube.
 
Shazam може бесплатно да ја превземете од iTunes за уредите кои работат на iOS. Наскоро се очекува новиот дизајн да пристигне и за апликацијата наменета за Android корисниците.