Подгответе се за удар на астероид

Објавено на 08.06.2014 во Android



Подгответе се за удар на астероид

Речиси секој ден слушаме аматерски теории за крај на светот и дека планетата ќе биде уништена од астероди, со што многумина развија еден посебен фетиш кон овој опасен вселенски објект. Затоа се потрудуивме да ја најдеме најдобрата и бесплатна апликација за смартфон која ќе ви понуди одлични позадини поврзани со астероиди и вселенска атмосфера.
 
Asteroids 3D live wallpaper - screenshot
 
Апликацијата Asteroids 3D нуди повеќе слики кои може да ги поставите како активни позадини на вашиот Android смартфон или таблет, со приказ на одлични анимации кои се и интерактивни кога лизгате низ екранот на допир. 
 
Asteroids 3D live wallpaper - screenshot
 
Во менито на Asteroids 3D има повеќе опции за прилагодување на позадината, односно нејзината изразеност и сооднос со иконите, брзина на движење, број на вселенски објекти и уште многу други супер додатоци. Asteroids 3D може бесплатно да ја превземете од Play Store за сите Android уреди.
 
Автор: Aleksandar Stankov