Мапите на Street Panorama ги нема ниту Google

Објавено на 22.07.2014 во Android



Мапите на Street Panorama ги нема ниту Google

Street Panorama е апликација која не е официјално изработена за Google меѓутоа овој независен проект добро му покажа на гигантот како може да се искористи мобилната верзија на Google Maps.
 
 
Street Panorama прикажува два дела на мапите, односно на горната страна е поставена 3D сликатa од сервисот Street View во кој се состојат прегледи на атрактивни локации, додека во долниот екран се прикажува картата со вообичаените информации за самото место.
 
 
На овој начин корисниците може одлично да се ориентираат во просторот истовремено гледајќи ја географската мапа, како и приказот на околината кој опфаќа видливост од 360 степени. 
 
Street Panorama може бесплатно да ја превземете од XDA сајтот за Android, па да се надеваме дека Google нема да го забрани нејзиниот пласман во Play Store, но ако процени дека има потенцијал постои можност да ги вклучи овие новитети во стандардната Google Maps апликација за смартфон.