LG G Watch R наскоро ќе влезе во рингот

Објавено на 07.10.2014 во Новости



LG G Watch R наскоро ќе влезе во рингот

LG G Watch R е надополнување на понудата на смарт часовници на LG кој беше најавен уште во септември при одржувањето на саемот IFA во Берлин и сега конечно е откриен датумот на пуштање во продажба. LG G Watch R до заинтересираните купувачи ќе дојде на 14 октомври почнувајќи од домашната Јужна Кореја, по што ќе следи и глобалниот пласман.
 
 
LG G Watch R е одлично дизајниран смарт часовник со кружна форма и е одговор на Motorola Moto 360, па затоа купувачите ќе имаат тешка одлука во изборот, каде ги има и Samsung Gear, Sony SmartWatch 3, Asus ZenWatch, додека пак најстрпливите ќе го чекаат Apple Watch дури до почетокот на 2015 година.

LG G Watch R ќе чини 250 долари и ќе понуди 1.3 инчен Plastic OLED дисплеј, четири-јадрен Snapdragon 400 процесор, батерија од 410 mAh, IP67 сертификат за спречување на оштетување од вода и прашина, додека пак за софтверот е искористен Android Wear што значи дека на располагање ќе имате голем број на апликации.