Апликација за девојки - Со Clue следете го месечниот циклус

Објавено на 12.10.2014 во Timeless



Апликација за девојки - Со Clue следете го месечниот циклус

Clue е најобемната апликација за смартфон која ќе им помогне на сите девојки да го следат својот месечен циклус и на тој начин да ја планираат употребата на контрацепција, додека пак тие кои сакаат да забременат ќе знаат кога им е периодот на овулација. 
 
 
Со Clue може да водите статистика од различни категории на следење на месечниот циклус, денот на последната менструација, ПМС, како и бележење на датумите на кои сте имале сексуални односи (секако тоа е ваш личен избор), доколку сметате дека ви се потребни.
 
 
Clue конечно пристигна и за уредите кои работат на оперативниот систем Android со што стана најдостапната апликација за смартфон и истата може бесплатно да ја превземете од Play Store, како и за iOs од App Store.