Intel и Стивен Хокинг ќе им дадат глас на хендикепираните

Објавено на 03.12.2014 во Новости



Intel и Стивен Хокинг ќе им дадат глас на хендикепираните

Стивен Хокинг е еден од најпознатите и најуспешните теретски физичари кој долги години се соочува со тешка болест на парализа. Меѓутоа новиот систем за комуникација Assistive Context Aware Toolkit составен од Intel му дава можност да комуницира со светот, да ги пренесува своите мисли и е многу побрз и поефикасен од претходниот.
 
 
Состојбата на Стивен Хокинг ја имаат многу луѓе со нарушени когнитивни способности и невролошки заболувања, но евтините смарт системи составени од камера, сензори и тастатури може да ги следат невролошките сигнали и да им овозможат комуникација со светот. 
 
 
Затоа Intel и Стивен Хокинг ќе се заложат ACAT платформата да биде на располагање бесплатно на сите деволопери и програмери кои дополнително ќе ја развијат и усовршат за комерцијална употреба. 
 
 
Според невролозите секој систем треба да се прилагоди за секој пациент посебно, а пониската цена на компонентите ќе им овозможи поголема достапност.