Само за богаташи - iPhone 6 Diamond Ecstasy за 3.5 милиони

Објавено на 13.02.2015 во Новости



Само за богаташи - iPhone 6 Diamond Ecstasy за 3.5 милиони

Екстравагантниот бренд Goldgenie ја прикажа новата ексклузивна серија на смартфонот iPhone 6 Diamond Ecstasy чија финална цена може да достигне и до 3.5 милиони долари и може слободно да се констатира дека е наменета само за најбогатите и најексцентричните луѓе на планетата.
 
 
iPhone 6 Diamond Ecstasy во однос на големината и спецификациите воопшто не се разлика од стандардниот модел, но е изработен со најскапа маска составена од рубини, сафири, црни дијаманти или било кои скапоцени камења по ваш избор.
 
 
Посебната изработка вклучува и нанесување на чисто 24 каратно злато, а од Goldgenie открија дека имаат редовен муштерија од Русија кој секоја година купува посебна верзија на iPhone вредна неколку милиони долари.