Визијата на Huawei за 5G интернетот е фантастична

Објавено на 21.03.2015 во Новости



Визијата на Huawei за 5G интернетот е фантастична

Huawei е еден од најактивните производители кој забрзано работи на воведување на новата 5G мрежа која ќе донесе за 1000 пати поголеми брзини на интернет и комуникации, но Кен Ху главниот директор ги изрази сите можни пречки при остварување на оваа фантастична визија за 2020 година.
 
 
Кен Ху смета дека потребна е огромна ангажираност од сите телекомуникациски компании, владини агенции и производители во поставување на  5G мрежата за добивање на долго посакуваниот Internet of things каде сите уреди за електроника, па дури и автомобилите, домовите и инфраструктурата ќе бидат целосно поврзани. 
 
 
За таков капацитет кој се прогнозира дека ќе опслужува 100 милијарди уреди потребна е масовна мрежа со пренос на податоци од 10 Gbps, како и задоцнување од само 1 милисекунда, што во споредба со денешните стандарди е за 50 пати побрзo. Најголема пречка за 5G мрежата е различната дефиниција од повеќе субјекти и непостоењето на еден унифициран стандард кој на сите ќе им даде јасни насоки. 
 
 
Се надеваме дека оваа анализа на Кен Ху од Huawei ќе биде прифатена и што побрзо ќе ја добиеме 5G мрежата, која целосно ќе ги промени нашите комуникации, воспоставување на интернет трансакции и организација преку електронски уреди.