Nokia Asha 302

Објавено на 18.05.2012 во Рецензија



Nokia Asha 302

Nokia Asha 302 е најдоброто од Asha серијата на телефони кои своето место си го пронајдоа како евтини телефони со QWERTY тастатура и две SIM картички.

Како би било сега кога би ви го споменале фактот дека Asha 302 доаѓа со Wi-Fi конекција, што уште на старт го одвојува од фактот дека се работи за евтин телефон кој, најверојатно, кај нас би очекувале да го добиеме како „телефон за 0 денари“.

Сепак, Asha 302 има и други работи да понуди освен двата SIM-а и Wi-Fi конекцијата, а за тоа можете да читате во продолжение:

Предности

• Quad-band GSM/GPRS/EDGE мрежа
• Asha S40 платформа
• QWERTY тастатура во четири редови
• 2.4 инчен дисплеј со QVGA резолуција
• Процесор од 1GHz
• 128MB RAM и 256MB ROM меморија
• Камера од 3 МП со фиксен фокус
• Видео клипови од 15fps
• Wi-Fi b/g/n
• Стерео FM радио со RDS
• Bluetooth v2.1
• Стандарден microUSB влез (служи и за полнење)
• USB On-The-Go поддршка
• Слот за microSD картичка  (до 32 GB, 2GB вклучена)
• 3.5mm аудио приклучок

Недостатоци

• Нема multitasking
• Камерата има фиксен фокус
• Нема паметно бирање
• Нема втора камера
• Нема прегледувач на документи



Со кутијата добивате

Тука не треба да очекувате премногу. Покрај телефонот, во пакетот добивате слушалки, полнач и microSD картичка од 2GB. За жал, не добивате USB кабел.

Дизајн и дисплеј

Во поглед на дизајн, Asha 302 не се издвојува по ништо од нејзините претходници – истиот оној облик кој го гледаме од Е-71 наваму. Но, металната маска додава извесна доза на стабилност.

Горната половина од телефонот ја зазема 2,4 инчниот дисплеј од кој не треба да очекувате премногу бидејќи сепак се работи за евтин телефон, каде производителот ставил приоритет на други работи. Во секој случај, дисплејот нуди просечна отпорност на сончева рефлексија, добар контраст и бои, како и солидни агли на гледање.



Под дисплејот се наоѓаат копчињата за повик кои се поставени околу D-pad копчето, а има и уште неколку кратенки кои можете да ги прилагодите да функционираат по ваша желба.

На левата страна на Nokia Asha 302 се наоѓа слотот за microSD картичката, додека десната страна е целосна празна – треба да се напомене дека нема копчиња за контрола на звукот ниту копче за директно активирање на камерата.

Не може да се каже дека и на врвот од телефонот е пусто, бидејќи таму ќе го најдете аудио приклучокот, microUSB приклучокот и влезот за полначот, иако телефонот може да се полни и преку USB кабел.

На задната страна се наоѓа камерата од 3МП и звучникот веднаш до неа. Задниот дел е целосно покриен со метална маска, а под неа се наоѓа батерија од 1430mAh BL-5J за која производителот ветува издржливост од неверојатни 830 часа на мирување и 6 часа разговор.

Застарен интерфејс

Nokia Asha 302 работи на застарениот Series 40 систем кој нема ништо од она што сме навикнати да го гледаме кај модерните интерфејса. Иконите се слични на Symbian Belle.



Активниот режим на мирување е достапен како и обично и го дели екранот на три делови, секој со свои кратенки. Но, над горниот ред од овие делви, се наоѓа лентата со индиактори (време, сигнал, итн.).



Првиот и најгорен ред е резервеиран за социјалните мрежи (Facebook, Twitter и Flickr), потоа доаѓа кратенката за омилени контакти и ленатата со кратенки до други апликации, каде лесно може да ги замените фабрички поставените со свои.

Галеријата е одлична

Апликација за галеријата е едноставна, но доволно моќна. Сликите ви се подредени во 12 слики про прозорец, а нивното листање е зачудувачки лесно – веројатно благодарение на брзиот процесор.




Зголемувате е, исто така, многу брзо иако нема, како кај екраните на допир, зумирање со допир или слични ефекти, туку со задржување на средишното копче од D-pad-от кој со поместување кон десно или лево доаѓате до зголемување на сликите.

Со галеријата, исто така, добивате и основен уредувач на слики кои ви ги нуди основните операции како, ротирање на сликите, додавање текст, ефекти, прилагодување на осветлувањето/контрастот и бојата.

Видео плеерот пушта DivX/XviD

Nokia Asha 302 ќе ве изненади во овој дел. Плеерот без проблем пушта видеја со
DivX/XviD/MP4 формат и голема резолуција, па дури и со големина од 1GB. Сега, тоа што екранот не е погоден за гледање на видеја или, уште помалку филмови, е сосема друга приказна.




Обичен музички плеер

Музичкиот плеер е доста едноставен – нема некои визуализации и ефекти, туку на екранот ви се прикажани само името на изведувачот, албумот и песната, како и неколку контроли: напред, назад и пауза.

За жал, има некои работи кои нервираат. Ако додека слушате музика го притиснете копчето за прекратување повик, тогаш плеерот не оди во позадина, како кај другите телефони, туку целосно го исклучува плеерот и ве носи на основниот екран – за плеерот да свири во позадина, морате да одите до менито со Опции и да ја активирате опцијата да свири во позадина.

Камера

Камерата има 3МП и нуди максимална резолуција 2048 x 1536 пиксели. Интерфејсот е ист како кај Symbian OS, но нуди интересни ефекти.



Па така во менито со опции ќе дојдете до контролите за ефектите (greyscale, sepia, negative), fun frames (Polaroid photo, Wanted poster, итн.), white balance, exposure и сл.

Поврзување

Nokia Asha 302 работи одлично на која било 2G/GPRS/EDGE мрежа, како и 3G. Кога сме кај 3G, мора да споменеме дека телефонот доста брзо работи на 3G, тука мислиме на преносот на податоци, односно сурфањето на интернет.

Но, за сурфање најубаво е да ја користите Wi-Fi b/g/n конекцијата.



Заклучок

Кога се појави Nokia C3 пред 2 години, со интересниот дизајн и поддршка за Wi-Fi, беше речиси незаменлив телефон за таа цена и за луѓето кои немаа кој знае какви потреби од телефонот – освен оние кои значително ја користеа QWERTY тастатурата за пишување СМС.

2 години подоцна, се појавува Nokia Asha 302 која носи значителни подобрувања од својот претходник – побрз процесор, на пример, кој придонесува за голема брзина при сликање и разгледаување на слики.

Исто како кај својот претходник, еден од најголемите адути е Wi-Fi конекцијата, која за сурфање во домашни услови е идеална – можеби додека чекате порака од девојката или дечкото, па повторно да се втуренете во авантура со QWERTY тастатурата.

За нешто пониска цена ја имате Nokia Asha 200, исто телефон со две SIM картички, но без процесорот од 1GHz и подобрата камера. За нешто повисока цена пак ја имате Asha 303 со поголем дисплеј и екран на допир.

Затоа, вие треба да одлучите дали би го купиле телефонот и да ни кажете овде.

Владимир Ѓуров
Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: