Nokia 808 PureView – моќта на камерата

Објавено на 22.06.2012 во Рецензија



Nokia 808 PureView – моќта на камерата

Nokia 808 PureView е смартфонот кој се пофали со својата камера од 41 мегапиксели што го направи телефон со најсилна камера на светот.

Фактички, не знаеме дали воопшто Nokia 808 PureView да го сметаме за смартфон или напреден дигитален апарат. Како и да е, камерата на телефонот им се заканува на моќните апарати како и телефони како Micro Four Thirds, Samsung Galaxy S III и Canon 5D Mark III.

За Nokia 808 PureView како уред ќе ви пишуваме друг пат, па така пофер е целото внимание да го префрлиме на својот најсилен адут: камерата.

Затоа за оваа пригода следува тест на трите споменати уреди, каде се разгледаа камерите во сите можни услови за сликање кои ќе ви истекнат.

Можеби ќе мислите дека со 41 мегапиксел, пикселите се доста мали. Но, тие не се ништо помали од кај пикселите на Galaxy S III и iPhone 4S. Тоа е бидејќи Nokia вметна голем 1/1.2 сензор кој ќе си ја заврши работата.

Тест на блиц

Кај сите три уреди ISO опцијата и блицот беа ставени на автоматски. Сите учесници сликаа со максимална резолуција, освен Nokia 808, која сликаше и со 38 мегапиксели и со 8, што ќе биде можеби една од покорисниците резолуции.

Предметот се наоѓа на метар и половина од камерите, па еве ги резултатите:



Nokia 808 PureView макскимално го користи својот блиц, фаќајќи го скоро секој детал. Во режим со 38 мегапиксели се забележува малку noise, но ништо страшно, додека сликата со 8 мегапиксели е одлична.

Samsung Galaxy S III исто така покажа одлични слики при брзина на сликање од 1/15, што во комбинација со LED блиц, му дозволи да го држи ISO на 200. Но, имајте предвид дека овие слики се направени со трипод – односно, апаратите и телефоните се прицврстени со станица, додека вие утре сигурно нема за секоја слика со пријателите да местите ваков уред.

Што се однесува до дигиталните апарати, Canon 550D сликаше со ISO 400, што не успеа да направи толку добра слика како 808 PureView. Olympus E-PL2 направи подобра слика од Canon 550D, речиси исто толку добра како Nokia, особено во однос на деталите, но контрастот е доста слаб.

Тест без блиц

Во вториов случај, намерно е исклучен блицот кај сите овие уреди, иако да бидеме искрени, ретко кој ќе слика без блиц. Но, има случаи каде што би сакале тоа да го користите – на пример, некаде во природа.



Повторно, Nokia 808 се покажа како најдобар конкурент, независно дали во режим со 38 МП или 8 МП – двете слики нудат доста добри детали. Но, повторно мора да споменеме дека при сликата направена со 38 мегапиксели, се забележува извесна noisе.

Со првата слика Nokia 808 PureView ја задржа брзината на сликање 1/25, додека во вториот случај го следеше примерот на Samsung и брзинат падна на 1/16. Камерата на Canon 550D DSLR беше наместена на 1/30, што му овозможи да направи слика со доста остри детали, додека Olympus избра 1/50 и 1/60, што му овозможи многу поголема стабилност и острина на сликите.

Тест со високо поставено ISO

Поставувањето на високо ISO значи дека камерите не можат да користат ниска чувствутелност (sensitivity). Olympus E-PL2 и Canon 550D тука постигнаа високи резултати и нормално победија.



Nokia 808 PureView, при сликата од 8 мегапиксели, се држеше до ISO 400 и не се полоши од ISO 800. Samsung Galaxy S III доста добра се бореше со Nokia, кај случајот со 8 мегапиксели, додека очекувано изгуби во случајот со 38 МП.

Што значи, повторно истото. Со PureView можете или да направите слика со огромна резолуција, или со нормална (8 мегапиксели), но совршена слика, без noisе и одлични детали.

Видео тест

Дојде делот со видео клиповите. За жал, бидејќи Olympus E-PL2 може да снима клипови само со резолуција од 720p, истата опција беше поставена секаде.

Еве го што излезе на тестот:



Повторно Nokia 808 PureView покажа неверојатни резултати. Во услови каде Galaxy S III едвај направи видлива слика, Nokia и тоа како направи солидна слика.

808 PureView прави подобри видеа од Olympus, иако и видејата кај Canon 550D беа доста добри.

Заклучок

Ако по читањето на ова, мислите дека Olympus и Canon треба да почнат да се плашат, тогаш и не сте баш во право. Едно е само квалитет на слика, а сосема друго се илјадниците други опции кои со правилно распоредување може да дадат невидени слики. Занчи DSLR и EVIL дигиталните камери нема набрзо да добијат замена – барем не од страна на еден смартфон.

Дури ниту Nokia не цела да им го украдат пазарот на споменатите уреди со помош на 808 PureView. Напротив. Камерата од 41 мегапиксел кај 808 PureView е дизајирана да даде неверојатни слики при ниска осветленост, бидејќи се проценува дека корисниците порадо ќе сакаат да имаат добра слика во вакви услови (во дискотека, кафе бар или еден обичен ресторан), каде осветленоста е далеку од совршена.

Што мислите вие за него? Пишете ни овде.

Владимир Ѓуров




Прочитајте повеќе: