Samsung U600

Објавено на 14.10.2007 во Рецензија



Samsung U600

Ултра тенките модели веќе станаа препознатлив елемент во портфолиото на Samsung. Стилски и удобен се два поими со кои може да се опише првата импресија која ја дава U600. Да видиме дали и перформансите се добри колку и неговиот изглед.








Главни карактеристики:

  • Одличен изглед и конструкција
  • Навигација комбинирана од стандардни и копчиња чувствителни на допир
  • Камера со резолуција од 3.2 мегапиксели и автоматски фокус
  • EDGE
  • Голем дисплеј со одличен кваилтет
  • Слот за microSD мемориска картичка
  • FM радио
  • Добар уредувач на фотографии

Негативности:

  • Дисплејот е слаб при изложеност на сонце
  • Не поддржува 3G
  • Слаб кориснички интерфејс
  • Слаба издржливост на батеријата




Дизајн, конструкција...

Samsung U600 е шмекерски телефон. Поради ултра тенкиот и стилски дизајн, многумина би помислиле дека функционалноста е во заден план, но верувајте дека тоа е сосема погрешен впечаток. Со димензии од 103.5 x 49.3 x 10.9 mm и тежина од само 81 грама, одлично лежи во рака и воопшто не пречи кога се носи во џеб. Поточно, не се ни чувствува. Комбинацијата од стандардни и копчиња чувствителни на допир функционира одлично.  Механизмот за лизгање работи перфектно и не произведува звуци на шкрипење и крцкање.



Дисплеј, телефонија...

Samsung U600 има голем 2.22 инчен TFT дисплеј со резолуција од 240 х 320 пиксели. Впечатокот кој го остава дисплејот може да варира зависно од условите во кои се користи. Доколку е изложен на директна сончева светлина, речиси е невозможно да се пронајде агол под кој приказот ќе биде јасен. Доколку оваа карактеристика ја тргнеме на страна, дисплејот заслужува аплаузи. Дисплејот има одличен квалитет на приказ на фотографии со доволно бистрина и контраст кои ќе ги задоволат и најпребирливите вкусови.

Квалитетот на звукот при вршење на повици е на високо ниво, како и што очекувавме. Повикувањето на броеви е разубавено со анимации - може да изберете една од четирите кои се присутни во Samsung U600.

Мултимедија

Снимените фотографии можете да ги уредувате со интегрираниот Scaldo Image Editor кој нуди купче ефекти и подесувања, како и трансормации и сечење на фотографиите. Scaldo ги нуди најпопуларните можности за уредување на фотографии кои е возможно да се користат на мобилен телефон. Но, искрено, се сомневаме дека некој посериозно користи едитор на фотографии на мобилен телефон.

Музичкиот плеер е одличен. Апликацијата овозможува филтрирање на песни според автор, албум, жанр, последни и најмногу преслушани фајлови. Може да биде минимизиран во позадина, а има опција и за 3D звучни ефекти, како и за маркирање на омилени песни.

Аудио квалитетот е на највисоко ниво, а ова највеќе се должи на интегрираниот ICEPower засилувач од Bang & Olufsen. U600 ја надминува и конкуренцијата на музички телефони според квалитетот на аудиото, иако не е деклариран како музички телефон.

Видео плеерот може да прикажува видео фајлови низ целиот дисплеј. Бидејќи камерата снима во MPEG-4 формат, логично е дека поддржува фајлови во овој формат.

Камерата кај Samsung U600  е со резолуција од 3.2 мегапиксели, со максимална разолуција од 2048 х 1536 пиксели. Нејзиниот квалитет е рангиран некаде на средината во споредба со другите телефони со камера од 3 мегапиксели. Опциите дозволуваат промена на големината на фотографиите, подесувања на белиот баланс и ISO чувствителноста, а присутна е и опцијата за "скенирање" на визит карти, односно препознавање на податоците и нивно сместување во листата на контакти.

Заклучок

Samsung U600 е добар мобилен телефон, но не нуди ништо спектакуларно. Со други зборови - еволуција наместо револуција. Доколку барате тенок уред со одлични мултимедијални можности, тогаш Samsung U600 е во игра како добра опција. Харизматичниот U600 ќе им донесе искуство на уживање на неговите идни корисници.





Прочитајте повеќе: