LG G4 Pro со двоен дисплеј доаѓа на 1 октомври

Објавено на 15.09.2015 во Новости



LG G4 Pro со двоен дисплеј доаѓа на 1 октомври

LG Mobile ќе го засили присуството на пазарот со новиот модел LG G4 Pro (LG V10) за кој се открива дека ќе има 5.7 инчен Quad HD дисплеј, придружен со мини монитор за приказ на нотификации и информативни детали за активираните апликации. Сега се открива и датумот на промоција, па од 1 октомври очекуваме LG V10 да се пушти во акција.

Покрај интересниот концепт за двоен дисплеј со кој ќе се заштеди батерија LG G4 Pro ќе понуди и шест-јадрен Snapdragon 808 процесор, 3 GB RAM, 64 GB меморија, 16 мегапикселна камера, батерија со капацитет од 3000 mAh и Android 5.1 Lollipop оперативен систем.