Android ќе му возврати на Apple со нови емотикони

Објавено на 25.10.2015 во Новости



Android ќе му возврати на Apple со нови емотикони

Хироши Локхајмер новиот директор на Android најави дека неговиот тим работи на нов сет на емотикони и емоџи кои ќе бидат достапни за Google апликациите за допишување како Hangouts и Messages. 

Овој потег доаѓа откако Apple со најновата надградба на iOs 9.1 пушти во употреби цела нова серија на емотикони за најразлични ситуации кои ќе се користат во нивните апликации за брзи пораки. Изборот на голем број на емотикони е важен за младите корисници кои се помалку користат зборови или цели реченици.