Откриени три бои на Google Pixel 4
Објавено на 09.09.2019 во Новости
Благодарение на протечени слики од маската на Google Pixel 4 како и на неофицијални рендери кои веќе циркулираат на интернет, може да се открие дека претстојниот премиум смартфон ќе има три бои на дизајнот.
Според досегашните информации Google Pixel 4 моделите ќе се појават во бела, црна и портокалова боја на маската. Секако, Google за сите нив ќе има смислено специјално име кое најдобро ќе ја опишува нивната нијанса.
Досега се познати речиси сите интересни детали за Google Pixel 4, од фантастичната камера која ќе може да ги слика ѕвездите на ноќното небо, до импресивен хардвер и пристојан цена, па останува уште само да се открие датумот на неговата промоција.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.