Samsung спрема телевизор со радикален дизајн без рамки

Објавено на 07.01.2020 во Новости



Samsung спрема телевизор со радикален дизајн без рамки

Почетокот на оваа година ќе го одбележи CES саемот. Samsung ќе го одбележи почетокот на годината со нов модел на телевизор, кој воопшто нема да има класични рамки, туку екранот ќе ја заземе целата предна површина на уредот.

Анонимен производител на телевизори, тврди дека новите модели се со нула-рамки, односно мали и едвај видливи рамки. Samsung е прв во светот што успеа да направи телевизор со таков радикален дизајн. Освен тоа, се спомнува и дека ќе биде со 8K резолуција и дијагонала на екран од 65 инчи. Инаку, Samsung неодамна го заштити изразот "Zero Bezel" во Европа.