Акциите на Tesla Inc. во голем подем, може да стане компанија со највисока вредност во светот

Објавено на 05.02.2020 во Новости



Акциите на Tesla Inc. во голем подем, може да стане компанија со највисока вредност во светот

Сега е смешна приказната дека Tesla Inc. е можно да банкротира. Илон Маск има бројни непроспиени ноќи и имаше навидум нерешливи проблеми додека да го постигне ова ниво. Само за последната недела цената на акциите порасна за неверојатни 60%. Вчера порасна цената дури на 960 долари, но денот за тргување е завршен со цена под 900 долари.

При затварањето на берзата пазарната вредност на компанијата изнесувала околу 160 милијарди долари и сега е целосно јасно дека за Маск ништо веќе не е невозможно, т.е. не треба да се исклучи можноста за производителот на електрични возила да стане најголемата автомобилска компанија на светот, односно со најголема пазарна вредност. 

Автор: Aleksandar Stankov