Redmi 9A веќе е сертифициран и доаѓа како евтина варијанта

Објавено на 13.06.2020 во Новости



Redmi 9A веќе е сертифициран и доаѓа како евтина варијанта

Redmi суб-брендот на Xiaomi наскоро ќе ја лансира А варијатната на популарниот смартфон Redmi 9 која значи дека ќе биде многу поевтина, но со тоа и со неколку компромиси во однос на хардверот.

Redmi 9A според сертфикатот кој го доби од FCC ќе има батерија со капацитет од 5000 mAh, со брзо полнење од 10w, на задната страна ќе има единечна камера, како и MiUi 12 кориснички интерфејс.

Повеќе детали за спецификациите на Redmi 9A и неговата цена очекуваме наскоро. 

Автор: Aleksandar Stankov