Poco за прв пат на MWC и веднаш претстави два интересни смартфона

Објавено на 03.03.2022 во Новости



Poco за прв пат на MWC и веднаш претстави два интересни смартфона

Poco за прв пат на MWC Barcelona 2022, ги претстави Poco X4 Pro 5G и Poco M4 Pro. Poco X4 Pro 5G располага со 6,7-инчен AMOLED DotDisplay екран од 120Hz и стапка при допир до 360Hz. Има резолуција од 2400x1080 FHD+ која автоматски се прилагодува кон светлината.

Уредот доаѓа со камера од 108MP, binning технологија 9-во-1, 8MP микро камера и 2MP телефото камера, додека селфи камерата е 16MP. Под хауба има Snapdragon 695 5G процесор со Arm Cortex-A78 јадра што достигнуваат до 2,2GHz. 8GB RAM меморија и 256GB ROM меморија, батерија од 5000mAh со 67W полнење, што би требало да ја полни батеријата целосно за 41 минута.